ZELENIKOVO - 17 MAY '24

Општина Зелениково дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Општината Зелениково се наоѓа во горното Повардарие, во средото течение на реката Вардар во близина на сливот на Кадина Река и Пчиња. Во општина Зелениково се наоѓаат селата селата: Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Страхојадица, Таор и Тисовица.

Неолитскaтa населба Зелениково е на влезот во Таорската Клисура каде со археолошките истражувања е утврдено дека населбата живеела во средниот и доцниот неолит (меѓу 5800 и 5200 години п.н.е). Најдени се и голем број жртвеници, од кои најинтересни се антропоморфните модели на куќа (Големата Мајка), како и најразновидните антропоморфни и зооморфни фигурини.