STARO NAGORIČANE - 17 MAY '24

Општина Старо Нагоричане дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Во општина Старо Нагоричане постојат 43 архиелошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди и потекнуваат од: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век.

До 1965 година на сегашната општинска територија постоела општина Старо Нагоричане којашто е укината од страна на тогашната власт. Со новиот закон за територијална организација од 1996 година, општина Старо Нагоричане е возобновена и како општински центар е земено село Старо Нагоричане, односно искористена е истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.