Општина Радовиш дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 и 18 Мај!
На територијата на општина Радовиш уште од праисторијата наоѓаме траги на материјалната култура, посебно се интересни наодите од епохата на неолитот, енеолитот, халштатот и бронзата.
Најзначајни репрезенти на културното наследство во општина Радовиш (културно-историски локалитети, археолошки и верски) се: православниот Храм „Св. Троица”, Црквата „Св.Пророк Илија”, Манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи” и Манастирот „Св. Архангел-Михаил” кои што датираат од 16 век, „Параклисот“ Св. Спасо Радовишки и „Крстот над Радовиш“, потоа археолошките локалитети како Исарот-Калето, Марковата кула во Подареш, Стариот манастир во с. Дамјан, Туљбето и многу други.