Општина Петровец дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Петровец некогаш бил нарекуван Ибраимово е на крстопатот на магистралните патни и железнички коридори. Во непосредна близина на општината се наоѓа и скопскиот аеродром. Близината на општината со Катлановска бања овозможува унапредување и развој на бањскиот туризам. Во општина Петровец се наоѓаат селата: Бадар, Блаце, Брезница, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, Р’жаничино, Средно Коњари, Сушица и Ќојлија.