OHRID - 17 MAY '24

Општина Охрид дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Познат е и како „град на светлината“ што е буквален превод на неговото старо име, Лихнид.

Општина Охрид се нарекува и “Волшебна земја на археологијата” со 250 археолошки локалитети со остатоци на материјална култура од неолитотот па сè до доцниот среден век. Таму се и културно-историските споменици: Самуиловата тврдина, Античкиот театар, ранохристијанската епископска црква во месноста Плаошник, Црквата Свети Јован Богослов Канео и многу други.