Општина Новаци дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Новаци за првпат се споменува уште во далечната 1468 година, напишано како Новаки, Новак.
Таму се наоѓаат повеќе значајни локации како: Суводолско Езеро формирано за потребите на РЕК Битола, Село Маково што е влезна порта кон јужно Мариово, Рапешко Езеро формирано од сточарите во село Рапеш е освежување во овој релативно сув регион, Кањонот на Црна Река, Камен мост во с. Зовиќ над реката Градешка, куќата на Калеш Анѓа во село Старавина – таа е една од најопеаните народни хероини, а селото Старавина е нејзиното родното место.