Општина Могила дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Могила лежи во Пелагониската рамнина, јужно од реката Шемница, односно помеѓу стариот пат Битола-Прилеп и Река Црна.
Од сите истражувања и ископувања во Пелагонија може да се констатира дека праисториските наоѓалишта – тумби најзастапени се во населбата Могила. Тоа се вештачки височинки, создадени од натрупување на слоеви на кои се формирале населбите.
Селото Могила, најверојатно и името го добило по повеќето тумби-могили распоредени по целото село.
Со своите 22 населени места Општина Могила е земјоделска општина каде што најмногу се произведуваат житариците и полјоделските култури, но не помалку е застапено и сточарството.