Општина Маврово e формирана во 2004 година. Релјефот, климата, местоположбата, културните и природните богатства ја прават општината вистинска туристичка атракција за поширокиот регион.
Позначајни туристички објекти кои се наоѓаат на територијата на оваа општина се: Мавровското езеро, реката Радика, водопадите Дуф, Бојков Кладенец, ледничко езеро Локув, планините Кораб, Бистра, Крчин и Дешат, пештерите Шаркова дупка, Алилица, Калина дупка и уште многу други.