Општина Македонска Каменица дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Општината Македонска Каменица се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија во подножјето на Осоговскиот масив. Составена од 9 населени места од кои 8 се рурални и тоа: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица, Дулица, Саса и Цера и градот Македонска Каменица како општински центар.
Името Каменица потекнува од име на река, неговото занчење е „вода што тече во каменесто корито“. Во минатото името на селото е документирано во еден запис од 1566 година, како Камена Река, од која потекнува и првиот познат македонски печатар Јаков, кој во 1566 г. печати свои книги во Венеција.
Подрачјето го населиле рударски племиња Саси, кои се доселиле од Унгарија и Германија. Затоа општината е позната како рударски град.