KRUŠEVO - 17 MAY '24

Општина Крушево дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
 
Како град се оформил во осумнаести век, а настанал многу порано и секогаш го носи историскиот печат – Првата Република на Балканот.
 
За развивање на Крушево во град најмногу придонеле доселените Власи во 18 век, кои дошле од Москополе, Грамос, Епир и Тесалија и тие придонеле за стопански развој на Крушево.
 
Крушево е и град на музеите (Музејот на Илинденското востание, Споменичниот комплекс „Илинден“, Галеријата „Никола Мартиноски“, Музејот „Леарница“, Галеријата на икони „Свети Јован“, Музејот на НОБ, и последниот- Спомен-куќата на Тодор Проески“). Крушево на европската мапа како културен и туристички центар.