KONČE - 17 MAY '24

Општина Конче дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
 
Општина Конче е рурална општина во Југоисточна Македонија со 13 населени места. Општината се наоѓа под падините на планината Серта на автопатот Радовиш-Струмица.
 
Конче било средновековено гратче и било црковно и управно седиште за што сведочи манастирската црква Свети Стефан од пред 1366 година. Езерото Мантово на реката Крива Лакавица е главен туристички центар во регионот, и служи за наводнување на Радовишкото Поле.