KISELA VODA - 17 MAY '24

Општина Кисела Вода дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Општина Кисела Вода е формирана во 1955-тата година и за краток период забележува голем раст на севкупниот развој и никнуваат големи стопански капацитети.

На територијата на општината евидентирани се повеќе цркви, археолошки наоѓалишта, стари средновековни споменици од духовната култура на Македонија. Меѓу експонираните се Белчевица (некропола од римско време), Љубош (старохристијански ротонди), Пинтија и Тресалиште (наоди од доцноантичко време), Крст (депо на средновековни монети).

Во месноста Три Круши пронајдена е гробница која датира од римско време и претставува историски локалитет со голема важност, каде традиционално се одржува културното лето каде гостуваат домашни и странски културно-уметнички друштва и ансамбли, реномирани естрадни уметници и музичари.