Општина Градско дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Градско е историски познато како значајна сообраќајна и трговска крстосница за поширокиот балкански регион. Низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни и железнички сообраќајни јазли.
Името е добиено од селото Градско кое се наоѓа на оддалеченост од 2 км источно од новата населба.
Во Градско се наоѓа Хералдичкиот град Стоби, старата железничка станица, афионската чушка и сонцето како најважниот дел на оваа општина, како најтопол, најогреан, најплодоносен предел.