Општина Ѓорче Петров дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 & 18 Мај!
Историјата на Општина Ѓорче Петров датира уште многу одамна како предградие на главниот град до каде се пристигало само со познатото „Вовче Пампурче“. Најпрвин Општината се викала Анриево, а потоа Ѓорче Петров.
Општината има урбан и рурален дел. Скопското село Кучково во Општина Ѓорче Петров, во последните години стана едно од најпосакуваните места за градење викендички и куќи за одмор. Во Кучково се наоѓа манастир „Свети Ѓорѓија“, кој е споменик на културата, има археолошки наоѓалишта од римското време, а се одржуваат и редовни настани како „Кучковска недела“ и „Кучковско лето“.