GEVGELIJA - 18 MAY '24

Општина Гевгелија дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 18 Мај!

Општина Гевгелија се наоѓа на еден од клучните правци на движењето на народите низ сите историски епохи и затоа има голем број археолошки наоѓалишта од античката, хеленистичката, римската и славјанската култура. Од нив најпознат е локалитетот Вардарски Рид. Градот Гевгелија благодарение на поволните услови низ кои минувал во одделните развојни периоди успеал да се развие во поголема населба.

Многу земјоделски производи успевале тука и се извезувале преку солунското пристаниште и затоа општината била позната и како: од станица до граница.