GENERALKA ART 24

Три уметнички ја презентираа нивната визија за нашата иднина

Во текот на оваа година на GENERALKA ART натпреварот беа испратени повеќе од 150 слики, цртежи и скици што беа оценувани од жири составено од партнерите на GENERALKA WEEKEND.

Овие три визии се толку различни и не инспирираат нас возрасните за тоа како младата генерација ја гледа нашата иднина!

Ние сме многу горди на креативните моќи на нашата младина и затоа беше неверојатно тешко да се изберат тројцата победници на годинешниот натпревар GENERALKA ART.
Но, конечно можеме да ги претставиме на јавноста!
Сакаме да им честитаме на трите уметнички и нивните наставници, ментори и на училиштата за овие впечатливи уметнички дела:

•⁠ ⁠Честитки за Едила Равмани од СОУ Гостивар

•⁠ ⁠Честитки за Каролина Кузмановска од ОУ „Кочо Рацин“ од Брвеница.

•⁠ ⁠Честитки за Светлана Јовановска од ОУ „7 Марси“ од село Челопек, Брвеница.

Вие сте иднината на нашата земја и ние сме неверојатно горди на вас!
Сакаме да им се заблагодариме и на вашите учителки Лина Тренковска, Илина Миноска и Христина Маркоска, како и на сите што ни ги испратија вашите уметнички дела – Сите сте единствени и одлични!

Како и минатата година освен индивидуални награди обезбедени од нашите партнер компании тие освоија и голема дрвена жардинера поставена во нивните училишта во која заедно со нивните врсници ќе садат различни видови зеленчук, зачински билки и дрвца, ќе се грижат за нив и ќе ги растат.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ МНОГУ и се гледаме следната година на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД!

Вашите пријатели од Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе Банка, Макстил, Бимилк, ЕВН, Костал, Бучим Боров Дол, Црвен крст и Мен енд Маунтен!!!