Општина Демир Хисар дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Иако е недоволно археолошки испитано на подрачјето на општината постојат индикации од материјалната култура уште од предисторискиот период па до денес.
Поради богатството на планините околу оваа општина со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владетелите во различни периоди. Оваа област се среќава како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина.
Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи. Најмаркантни се локалитетите во село Граиште, Жван, Железнец, Зашле и Обедник.