Општина Дебрца дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Општина Дебрца географски му припаѓа на Охридско-Преспанскиот базен и има 30 населени места.
Општината има голем број на водни акумулации, реки и извори, најголемата е реката Сатеска што се влева во Охридското Езеро.
Белчишко Блато е најголемото сочувано водно станиште во Македонија и се користи од околните жители за напасување и поење на стока, косење, рибарење, ловство и рекреација.