Општина Ново Село дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17, 18 и 19 Мај!
Општина Ново Село се наоѓа во подножјето на планината Огражден и има неколку археолошки наоѓалишта, како: Бел Рид, Градиште, Селиште, Чука и Шопов Рид. Црната боја на грбот на општината е симбол на трагичноста која произлегува од секоја битка, во овој случај Беласичката битка.
Златната боја ја претставува светлината и незапирливиот порив на утрешниот ден и иднината. Кулата е симбол за културно-историското наследство. Двата брановидни ремена се симболи за водопадите на општината познатите туристички атракции: Мокрински Извори, Колешински и Смоларски водопади.