PEHČEVO - 18 MAY '24

Општина Пехчево дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 18 Мај!

За името на оваа општина се врзани многу легенди. Според една, на местото на денешната локација на населбата се неоѓало трло кое месното население го викало “Пејчина колиба” заради бачилото на сточарот Пејчин (Пејчо). Според тоа и по аналогија месните жители местото го нарекле Пехчово односно Пехчево.

Другата легенда говори дека во подножјето на Буковик во Римско време се вршело експлоатација на железна руда. Садовите кои служеле за плавење на рудата се нарекувале пешти (пешчи). Се мисли дека топонимот Пехчево упатува на рударските печки (пешчи) каде се топела рудата.

Во однос на природните карактеристики, без оглед на малата површина, општината Пехчево е доста интересна и разновидна и има најдолги водотеци (подолги од 10 км) на подрачјето од општината се: Брегалница, Желевица, Пехчевска Река, Панчаревска Река и други.