Општина Кривогаштани дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 и 18 Мај!
Општина Кривогаштани е крстосница, бидејќи таму поминуваат главните патишта кои ги поврзуваат блиските градови: Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Битола и Македонски Брод.
За минатото на населените места на Општина Кривогаштани не се знае многу, но едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија од периодот на неолитот е месноста Врбјанска чука, во непосредна близина на селото Врбјани. Се смета дека некои од населбите во Општината постоеле и егзистирале уште од античко време.
Главни стопански гранки се земјоделството, особено производство на црвени пиперки, тутун, пченица, кромид и шумарството.
Традиционално секоја година се одржуваат денови на македонска народна носија како и фестивал на пиперката.