Општина Ранковце дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Општина Ранковце се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Го зафаќа просторот на Славишко Поле кое му припаѓа на сливното подрачје на Крива Река.
Општина Ранковце има значајна геостратешка положба бидејќи на север граничи со Србија и е на само 30 км од Бугарија. Низ општината поминува самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка.