VALANDOVO - 17 MAY '24

Општина Валандово дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
 
Во општината Валандово постојат повеќе археолошки наоѓалишта, кои сведочат за богатата историја на овој крај. Така, во минатото, општината била дел од областа Пајонија, за што постојат бројни докази.
 
На просторот каде што денес се наоѓа градот Валандово се пронајдени остатоци од римската антика, кои се присутни во трите зони на археолошкиот комплекс “Валандово”. Освен археолошкиот комплекс таму е и подземниот споменик на културата „Идомена“ од пред римскиот период, т.е. крајот на 4 век и почетокот на 5 век пред нашата ера.
 
Денес главна стопанска гранка е земјоделството, како и лозарство и сточарство. Од земјоделските култури најмногу се произведуваат: зелка, кромид, пиперка, жито, јапонско јаболко, калинка.