VELES - 17 MAY '24

Општина Велес дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Распослана на просторот меѓу реките Тополка, Бабуна и Вардар, Општина Велес е позната по многу имиња како: Билазора, Вилазора, В’лес, Ќупурли, големиот град, град во шума, град на мостови…

Велес поминал низ балканските и светските војни, револуционерни движења, изградил свој еснаф, како и индустриска експанзија и автентичност на културата.

Во историските записи е врежан како град што го создале пајонските племиња во римскиот период, Велес сеуште ги интригира научниците со артефактите од бројните археолошки локалитети, некои од нив стари 70.000 години. А, општината живее и со називот „Градот на Рацин“.