Општина Македонски Брод дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 18 Мај!
Општина Македонски Брод се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува средиште на областа Порече.
Според пронајден надгробен споменик во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани. Во околината на селото Девич има остатоци од градби што ја потврдуваат дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се наоѓаат Девини Кули изградени во близина на пештерата Пешна, каде има остатоци од ѕидините на градот.
На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.