Општина Свети Николе дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Свети Николе како населба датира уште од античкиот период, а во самиот град се најдени артефакти дури и од далечниот неолит. Во 1292 година во населбата која сеуште го носи името Овче Поле, дури во средината на 19 век, населбата Свети Никола добила пазарен ден и прераснала во градче. Општина Свети Николе има голема плодност и земјоделско-економска важност и посебни културно-етнографски одлики. Овчеполието е претежно земјоделски региона, од кои 80% се обработливо земјоделско земјиште. Ова е основниот предуслов за што поголем дел од населението да се занимава со земјоделска и сточарска дејност.