NEGOTINO - 17 MAY '24

Општина Неготино дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Неготино е сместена во средното Повардарие, од двете страни на реката Вардар и во дел од Тиквешката Котлина.

Неготино е словенизирано име на античката населба Антигонеа што во 3 век п.н.е. ја формирал македонскиот владетел Антигон Гонат.

Денешниот град Неготино е формиран во среден век како занаетчиска населба. Постои една легенда, која вели дека едно време во најсушниот регион во Македонија, Тиквешкиот, имало повеќе вино отколку вода.

Во текот на античка Македонија, се одржувале т.н “Дионисови денови”, во чест на богот на виното Дионис. Лозарите за свој заштитник го имаат Свети Трифун, затоа 14-ти февруари е денот посветен на овој светец, тиквешките лозари го одбележуваат со изведување разни обичаи: рано наутро се оди во црква, се зема светена вода, па со неа се прскаат лозјата и обредно се закројуваат.