KARBINCI - 17 MAY '24

Седиштето на Општина Карбинци е старо и постои уште од 1348 година.

Главно занимање на жителите е производство на житни култури, посебно на оризот. Но, општината изобилува и со археолошки наоѓалишта како што се: Беш Тепе — градска населба од доцноантичкото и римското време, црквите „Вознесение Христово“ и споменикот на културата „Куќа на Дамбеви“ . 

Во склоп на општината Карбинци и во близина на планината Плачковица, се наоѓа археолошкиот локалитет Баргала. Името Баргала е од тракиско потекло, а неговото етимолошко потекло се врзува за реката Брегалница. Баргала е еден од најрепрезентативните доцноантички и ранохристијански градови во Македонија. Изграден е од страна на Римјаните, на кои им служел како воен логор.