DOJRAN - 17 MAY '24

Општина Дојран дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Дојран е историски град на брегот на Дојранското Езеро. Денес името Дојран го носат три населби: Стар Дојран, Нов Дојран и селото Дојран. Оваа низина се отвора на југот и ја определува медитеранската клима со топли и суви лета и свежи, влажни зими.

Дојранското Езеро е длабоко само десет метри, но изобилува со живот. Големата количина на алги што растат во езерото и големиот број планктони на неговата површина го прават езерото погодно за лекување на реума, кожни и респираторни болести и затоа Дојран е посетен од многу туристи.