Општина Струмица дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Струмица е населба од предсловенскиот период и датира уште од 181 година п.н.е. кога се споменува како Астранон (град на ѕвездите) – главно место за престојување на пеонското племе Астрон. Бањата Банско, Цареви Кули над Струмица, Струмички карневал се неколку нешта што ја прават општината атрактивна за посетители.
Во поново време, карневалот во Струмица доби модерна димензија и награден карактер. Но, традиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останал кога учесниците преку маските ја покажуваат вечната борба меѓу доброто и злото.
Општина Струмица стана најголем производител на ран и индустриски зеленчук во Македонија каде се одгледуваат: афион, памук, тутун, сусам, кикирики и анасон.