ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА - Информации

Секоја година во секое добро домаќинство доаѓа момент во текот на пролетта, кога почнуваме да ги чистиме нашите домови и градини од сите остатоци од долгата и студена зима.

Бидејќи „СОНЧЕВА – Земјата на сонцето“ е куќата во која сите живееме, сосема е природно да направиме пролетно чистење на нашите домови, градини, улици, соседство… И тоа пролетно чистење го нарекуваме: „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“.

Заедно со нашите партнери од Пакомак, Нула Отпад, Пивара Скопје, ЕВН, Макстил, Заубермахер, ИУТЕ, КАЗ Груп, Зелс и Црвен крст, ја организираме оваа пролетна акција за чистење секој мај во период од десет години: од 2021 до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да ја исчистиме нашата земја од отпадот од минатото и да го рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите што доаѓаат.

Овогодинешниот ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се одржи помеѓу 8 и 10 мај 2026 година во сите општини во Македонија.

Поддржано од Министерството за образование, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.

Од 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собраа повеќе од 1.500.000 килограми отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.

Од 2022 година засадивме повеќе од 136.000 дрвја во 29 општини заедно со јавни и приватни донатори! Сите овие плантажи се нарекуваат „СОНЧЕВА ГОРА“ и до 2031 година ќе има СОНЧЕВА ГОРА во секоја општина во нашата земја 🙂

1) Ве молиме проверете кога се одржува GW во вашата општина, на кои локации и во колку часот. За да го направите тоа, одете на ЛОКАЦИИ и изберете ја вашата општина и кликнете за да добиете повеќе детали за акцијата.

2) Доколку сте ја пронашле локацијата и времето што ви одговараат, тогаш едноставно придружете им се на самиот настан на соодветните локација и време, и луѓето од општината ќе ве пречекаат, ќе ви обезбедат вреќи и ракавици за собирање отпад.

3) Доколку не сте пронашле ништо соодветно, а сакате сами да започнете акција за чистење, тогаш одете на ЛОКАЦИИ и во едноставниот формулар за регистрација поставен најголе пополнете ги вашите податоци. Овие информации ќе ни бидат испратени директно и ние ќе ве контактираме во следните денови за да ги координираме деталите со вас.

Ви благодариме многу. Контактирајте нѐ во секое време преку е-пошта doma@generalka-weekend.com, доколку имате некои прашања/сугестии/критики или идеи.

Или погледнете ги нашите канали на социјалните медиуми – тие се многу живописни и таму можете да најдете многу информации, контакти и идеи – и секако: Сакаме да знаеме и за вашите активности! Споделете ги и покажете му на светот што правите!